ЦСМ Букурешт како некогаш ЖРК Вардар, со богатство има звучни имиња

Романскиот ракометен првак ЦСМ Букурешт со шокантен пораз ја отвори новата сезона, иако во своите редови има ѕвездени ракометарки, со многу европски успеси зад себе.

Квалитетен ЦСМ Букурешт се „роди“ по распадот на македонскиот ЖРК Вардар, од чии редови многу ракометарки преминаа меѓу Романките. Интернет-страницата „Гсп“ ги објави платите на ѕвездите од романскиот тим, а истите изгледаат навистина високо за женскиот ракомет.

ЦСМ Букурешт има буџет од пет милиони евра по сезона, тренд кој почна пред две години. Највисоката плата ја зема Кристина Неагу, во висина од 17,500 евра месечно, не вклучувајќи ги премиите.