Откако Хеле Томсен доби отказ од тренерската позиција во ЦСМ Букурешт, романскиот шампион не чекаше многу долго за да го одбере новиот тренер. Станува збор за познато лице во Букурешт, а тоа е црногорскиот селектор Пер Јохансон.
„ЦСМ Букурешт е еден од најдобрите клубови во светот. Се освен титула во Лигата на шампионите ќе биде неуспех сезонава. Никој не ги крие тоа. Можноста да се биде на кровот на Европа беше причина да ја прифатам понудата од ЦСМ. Добив понуда што не можев да ја одбијам“, изјави Јохансон.
48-годишниот Јохансон, два месеци во текот на ланската сезона беше тренер на ЦСМ Букурешт, па доаѓа во позната средина. Загуби од Вардар во полуфиналето на Лигата на шампионите, но подоцна ги освои титулите во Романија. ЦСМ Букурешт сега го чека четвртфиналниот двобој против францускиот Мец.