• Саше Љолес
Ракометарките на Будуќност доживеаја вистински дебакл на гостувањето кај ЦСМ Букурешт и во деветтото коло од Лигата на шампионките запишаа убедлив пораз со конечни 44-26.
Ова е најголем пораз во историјата за поранешниот европски шампион, а ситуацијата беше јасна уште по првите триесет минути, кога Романките водеа со 24-15. До крајот домаќините само го „торпедираа“ противникот, кој немаше сили ниту да го ублажи поразот. Со овој пораз, Будуќност го „подобри“ негативниот клупски рекорд, а досега најмногу примени голови имаше во полуфиналето од елитниот ранг, кога прими 40 гола од Валенсија во далечната 1998 година.
Најефикасна на мечот беше Вилде Ингштад со осум постигнати голови, а уште по пет постигнаа Лора Флип и Александра Диндилиган. Будуќност останува само на една победа и со три освоени бодови е претпоследен во групата А од Лигата на шампионите.