Црногорскиот селектор: Не треба да го убедувам Борозан, не доаѓа од само свои причини!

Ракометарот на Вардар, Вуко Борозан нема да настапи на двата натпревари на црногорската репрезентација во рамките од квалификациците за Европското првенство во 2020 година. На 24 и 28 октомври, Црна Гора ќе се сретне со Фарски Острови и Украина, во групата во која се уште и главните фаворити, Данците. 

Левиот бек не ги обелодени причините, а не сакаше премногу да зборува на оваа тема и селекторот Зоран Рогановиќ. 

„Како и секогаш ќе бидма директен и искрен. Разговарав со Вуко и ми кажа дека нема да игра заради свои причини. Мислам дека не треба никого да убедувам да игра за својата земја и не треба да потенцирам колку самиот настап значи. Ако некој не мисли како мене не треба да го убедуваме и да трошиме време на некој кој не е со нас во селекцијата“, заврши наследникот на Ѓукиќ.

На списокот на новиот селектор се наоѓа и ракометарот на Пелистер, Милан Поповиќ.