• Мартин Танасковски

Екипата на ЖРК Ѓорче Петров продолжи да се екипира и донесе ново име во тимот, овој пат на голманската позиција.
Десетото засилување за новата сезона за тимот од Ѓорче Петров е Милена Вујисиќ, ракометарка од Црна Гора која доаѓа од хрватскиот тим Замет Ријека.
Вујисиќ има 23 години и за македонскиот првак ќе биде освежување на голманската позиција.
