Црногорката Итана Лабовиќ нов пивот на ЖРК Металург

Екипата на ЖРК Металург донесе странско име во своите редови за продолжението од сезоната во женската ракометна Суперлига.

Се работи за 21-годишната Итана Лабовиќ која доаѓа од Црна Гора. Девојката која игра на пивотменската позиција доаѓа од тимот на Феникс од Подгорица и ќе биде квалитетно засилување за тимот од Автокоманда.

Договорот меѓу Итана Лабовиќ и ЖРК Металург е потпишан на една сезона. Црногорката веќе дебитираше за новиот клуб минатиот викенд кога девојките предводени од Дамчевска и Петрушевски се судрија со првакот ЖРК Ѓорче Петров.

Некогашниот шампион на Македонија во новата сезона досега одигра три натпревари. Има две победи и еден пораз на контото.