Црногорецот кој плукна кон македонската публика доби драконска казна!

Ласица

Марко Ласица направи непромислен потег и неспортски плукна кон македонските навивачи, по крајот на мечот со нашата репрезентација на Европското првенство 2022.

Црногорецот се извини ден подоцна и порача дека се кае за овој срамен гест. Меѓутоа, тоа не значи дека ќе помине без казна. Според последните информации, десното крило ќе мора да плати 5.000 евра за однесувањето по завршувањето на дуелот со Македонија

Дел од казната (2.000 евра) ќе ги плати, доколку направи сличен испад во наредните две години, гласи одлуката на Европската ракометна федерација. 

>>> ВИДЕО: Срамен потег на Марко Ласица – плукаше кон навивачите на Македонија!

Неспортски потег на Ласица наиде на осуда од светските медиуми. На крај тој очигледно беше совладан од емоциите и притисокот под кој се играше натпреварот од второто коло, па реагираше како што не смее да си дозволи кога се наоѓа на ракометниот терен.

Навивачката група која во текот на целиот меч ги бодреше македонските ракометари на крај не доби прилика за радост. Репрезентацијата загуби и на вториот меч на ЕП 2022, па остана без шанса за пласман во следната фаза.