„Црно“ сценарио за Вардар: Коронавирусот може да го елиминира од ЛШ

Европската куќа на ракометот денес го објави новиот план како да се доигра актуелната сезона во Лигата на шампионите и ЕХФ Купот.

Според истиот, ракометарите на меѓународните натпревари ќе им се вратат на почетокот на летото, што значи Вардар во рамки од осминафиналето на Лигата на шампионите против ПИК Сегед ќе се сретне во јуни.

<<< ПОВРЗАНО - ЕФХ донесе одлука: Ф4 во Келн презакажан за во август

Но, ако пандемијата со коронавирусот продолжи и во следните месеци, тогаш ќе мора да се носат нови решенија, а едно од нив е „црно“ за европскиот шампион. Доколку суспензијата повторно се пролонгира, тогаш на завршниот турнир во Келн, кој по новиот термин треба да се одржи на 22 и 23 август, ќе учествуваат само најдобрите две екипи од А и Б групата. 

Тоа значи дека борбата за трофејот ќе ја продолжат само ПСЖ и Барселона (А група) и Веспрем и Кил (Б група), а Вардар автоматски ќе биде елиминиран и по пауза од три сезони ќе остане без учество на турнирот во Келн.