Црна Гора по победата над БиХ доаѓа во Скопје

Во рамките на подготвителните натпревари за Европското првенство во ракомет, кое од 15. до 31. јануари ќе се одржи во Полска, репрезентацијата на Црна Гора, која е наш нареден спаринг партнер, вчера во Бар ја совлада БиХ со 30-26 (15-14). Селекторот на  црногорската репрезентација Љубомир Обрадовиќ имаше можност да  види до кој степен се стигнати неговите избраници пред настапот во Полска.

Најдобри стрелци кај Црногорците беа Вуко Борозан и Милош Вујовиќ со по 7 погодока, а 5 гола постигна Немања Грбовиќ. 

По овој натпревар ракометната репрезентацијата на Црна Гора доаѓа во Скопје, каде на 10. и 11. јануари ќе одигра два пријателски натпревари со нашата репрезентација. И за двете селекции ова ќе биде последен тест пред почетокот на европскиот шампионат во Полска.