Цирар и Ојлески „диригираа“, Охрид без проблеми го надигра Куманово

Екипата на ГРК Охрид без поголеми проблеми го совлада Куманово со конечни 33-39 во натпреварот од деветтото коло во македонската ракометна Суперлига и го оствари осмиот триумф сезонава. 

  • Комплетниот натпревар помеѓу Куманово и ГРК Охрид: 

Избраниците на Стевче Алушовски уште во првото полувреме покажаа дека се дојдени по бодовите на ова гостување и водеа на паузата со 15-19, а во вториот дел ставија во уште поголема брзина и до крај го дотолчија ривалот. 

Охриѓани беа разлетани на сите страни и ја полнеа мрежата на домаќинот, па иако Куманово успеа да се врати на -5 во 54. минута (30-35), сепак немаше сила за целосен кам-бек и на крајот загуби со конечни 33-39. 

Најефикасен во победничкиот состав беше Гал Цирар со 11 голови, а Гоце Ојлески додаде уште седум, додека кај Куманово убедливо најдобар поединец беше Винициус Мораиш, кој запиша дури 14 погодоци зад своето име.