Циндриќ пак се повреди, Барселона ќе мора без бекот против Мешков?

Хрватскиот среден бек Лука Циндриќ доживеа нова повреда и голема е веројатноста Барселона да мора без него во првиот четвртфинален меч од Лигата на шампионите против Мешков Брест.

Поранешниот играч на Вардар доживеал повреда на тетивата и поради тоа е хоспитализиран за да се направат додатни лекарски прегледи. Но, она што е познато е дека Циндриќ го чека пауза од најмалку три седмици.

Доколку рехабилитацијата на Хрватот трае подолго од предвиденото, тогаш Барселона ќе мора без него во првиот четвртфинален меч во ЛШ против незгодниот белоруски ривал Мешков Брест.

Првиот натпревар меѓу Барселона и Мешков Брест е закажан на 12 мај.