Циндриќ: Лазаров е единствена ѕвезда во Нант, оваа сезона игра во топ форма

Лазаров Циндриќ

Лука Циндриќ ќе биде дел од уште еден завршен турнир во Лигата на шампионите. Хрватот во минатото беше успешен само со Вардар, а лани загуби играјќи за Барселона.

Оваа сезона одново ќе се обиде да се искачи на европскиот врв со каталонскиот тим. Противник во полуфиналната фаза ќе му биде Нант, каде игра македонскиот селектор и репрезентативец Кирил Лазаров.

„Во Келн нема фаворити, во тоа сум се уверил во минатото. Сè што сме направиле досега во сезоната е минато.

Нант ќе ни биде полуфиналниот противник. Нема да биде лесно. Екипата игра цврсто, имавме проблеми со нив оваа сезона во групната фаза. Не случајно ги исфрлија Киелце и Веспрем на патот до Ф4 турнирот. Лазаров игра во топ форма, освен него немаат друга ѕвезда во тимот. Но, имаат супер одбрана и играат баш убав ракомет“, вели хрватскиот ракометар.

Барселона и Нант ќе бидат дел од второто полуфинале оваа сабота, кое ќе се одигра во 18:00 часот.