Циндриќ: Кристијанштад има добар голман, одбрана и полуконтра!

Ракометарите на Вардар денес ја почнуваат 10 сезона во групната фаза од Лигата на шампионите, а вкупно 11 во најсилниот европски Куп. Гостувањето на екипата на Раул Гонзалез во Шведска против Кристијанштад е добра можност сезоната да се почне со победа

„Овие натпревари од СЕХА лигата добро ни дојдоa за воигрување на тимот пред Лигата на шампионите, што сепак ни е најважно. Кристијанштад е одличен тим, имаат добра полуконтра и одбрана. Мислам дека во овие досегашни натпревари покажавме дека имаме ширина во нападот и имаме квалитет. Но, и нашата одбрана е добра, па ни овозможува полесни голови. Ги имаме анализирано нашите денешни ривали, имаат добар голман, но предноста сепак е на наша страна и во играта и во ротација, вели Лука Циндриќ.

Вардарци тренираа во малото место во јужна Шведска и по пет победи и едно реми и просек од 33 гола по натпревар во СЕХА лигата, време е за истиот блесок во Лигата на шампионите.