• Иван Димовски

Поранешниот ракометар на Вардар, хрватскиот среден бек Лука Циндриќ многу веројатно по крајот на сезоната ќе замине од Барселона.
Причината за тоа е фактот дека е прекуброен во клубот. Според пишувањето на шпанскиот „Спорт.ес“, Барселона сака да се ослободи од Циндриќ пред истекот на договорот кој важи до 2025 година. Се верува дека Хрватот ќе остане во Каталонија до летово, а потоа ќе биде ослободен од договорот и ќе бара нова средина.
Оваа информација доаѓа како изненадувачка бидејќи Циндриќ без сомнеж е еден од подобрите средни бекови на светот. Во својата кариера, хрватскиот бек тргна преку Карловац, па дојде во Металург и Вардар.
Со „црвено-црните“ првпат стана европски првек, по што се пресели во Киелце. Сепак, по една сезона во Полска, Циндриќ замина во Барселона и од 2019 година ги брани боите на овој клуб.