Циндриќ е МВП на завршниот турнир, четворица вардарци во идеалниот тим

По завршувањето на седмото издание на СЕХА лигата беа доделени и инвидуалните награди. За најкорисен ракометар на Ф4 турнирот во Скопје прогласен е организаторот на играта на Вардар, Лука Циндриќ.

Идеален тим на Ф4 на СЕХА лигата 2018 година:

Голман: Арпад Штербик (Вардар)
Лево крило: Тимур Дибиров  (Вардар)

Лев бек: Домагој Павловиќ (ППД Загреб)
Среден бек: Лука Циндриќ (Вардар) 
Десен бек: Жига Млакар (Целје Пивоварна Лашко
Десно крило: Златко Хорват (ППД Загреб) 
Кружен напаѓач: Вјачеслау Шумак (Мешков Брест
Дефанзивец: Илија Абутовиќ (Вардар) 
МВП: Лука Циндриќ (Вардар) 

Со четвртиот триумф во шестото финале, Вардар е убедливо најуспешната екипа на завршните турнири на СЕХА лигата.