Циндриќ: Добивме едно право машко финале

Лука Циндриќ беше прогласен за МВП на финалето во СЕХА-лигата меѓу Вардар и ППД Загреб. Со пет гола ги водеше вардарци до нов трофеј, а по натпреварот истакна дека било убаво да се игра во прекрасна атмосфера и да се добие „машкото“ финале зо Хрватите.

„Одигравме едно машко финале. Честитки до мојот тим, беше убаво да се игра во ваква атмосфера. Очекувавме тежок натпревар. Загреб покажа дека не е случајно во финалето. Што се однесува до нас, ние бевме долг период без мечеви. Добро беше да се воиграме на овој Ф4-турнир за наредните предизвици. Се надевам дека нема да ги разочараме нашите навивачи наскоро“, изјави Циндриќ.

Хрватот покрај што се закити со МВП-наградата, се најде и во идеалниот тим на Ф4-турнирот во СЕХА-лигата.