Цинцадѕе по три сезони замина од Македонија и ќе продолжи во Полска

Грузискиот голман Зураб Цинцадѕе кариерата ќе ја продолжи во шампионатот на Полска. 

Чуварот на мрежата се договори и потпиша договор на две сезони со екипата на Азоти Пулави. Полскиот тим кој минатата година играше во нокаут фазата на Европската лига се пофали со аквизицијата на голманот преку официјалните профили на социјалните мрежи. 

Цинцадѕе од 2020 година настапуваше во Суперлигата на Македонија. Прво Грузиецот беше дел од екипата на Прилеп, а потоа го бранеше и голот на Охрид. Сега, пред Цинцадѕе е нова авантура во клуб кој во Полска се бори за излез во Европа.