„Чувството кога „Чкембари“ се со тебе не се опишува – треба да се доживее“ (ВИДЕО)

Кој помалку, кој повеќе, но речиси и да нема македонска ракометна легенда која во текот на својата кариера не го облекол дресот на Пелистер.

Таков е и случајот со Александар Јовиќ. Поранешното крило на Македонија, моментално е дел од проектот на Еурофарм Пелистер и како тренер на вториот тим има задача да изгради идни ракометни ѕвезди на битолскиот клуб. Воедно, тој беше и дел од последниот шампионски Пелистер во 2005 година, а со тоа добро знае како е да се игра ракомет пред битолските спортски фанатици.

Стратегот на Еурофарм Пелистер 2 токму на таа атмосфера се осврна при честитката упатена до „Чкембарите“, кои денес го слават својот 35. роденден. Тој вели дека чувството кога „Чкембари“ се на трибините не може да се опише, туку треба да се доживее.

  • Честитката на Јовиќ за роденденот на „Чкембари“:

Јовиќ и младите пелистерци позитивно ја отворија сезоната во Суперлигата и по четири одиграни кола имаат две победи и два порази.