Чурго прв ја запре победничката серија на Манасков и Веспрем

Сензација се случи во унгарскиот ракометен шампионат, откако аутсајдерот на хартија Чурго остана непоразен против Веспрем (33-33) и за првпат актуелниот шампион не победи на домашната сцена.

Веспрем се мачеше и едвај се спаси од пораз од тимот кој е предводен од некогашниот вардарец Алем Тоскиќ. Манасков исто така имаше минутажа, а постигна вкупно два гола од шест обида.

Најдобар стрелец на мечот беше Хануш со единаесет гола, а кај Веспрем, Маргуч имаше седум реализации.

Веспрем првпат не победи по 14 одиграни кола, додека Чурго се наоѓа на четвртото место на табелата.