Чупиќ: Вардар игра добро, иако резултатите не го покажуваат тоа

Балканско дерби во Лигата на шампионите оваа недела ќе одиграат екипите на ППД Загреб и Варар 1961.

Вардарци ќе гостуваат на тежок терен и ќе играат за прекин на кризата. На спротивната страна ќе наидат на еден свој поранешен соиграч во Иван Чупиќ.

„Ќе биде тежок натпревар за играње, свесни сме дека овие бодови се многу важни. Целта ни е да ја поминеме групата, како што сега стојат работите, еден од нас нема да помине. Вардар е добар тим, игра добро, иако можеби табелата не го покажува тоа. Верувам дека ќе бидеме подобри за гол-два и дека ќе ги освоиме тие два бода и ќе се искачиме за едно место на табелата“, изјави искусниот Хрват.

Чупиќ мина пет години во дресот на Варадр и оствари голем успех во Лигата на шампионите. Сега ќе игра во противничкиот тим, кој важи за директен ривал на „црвено-црните“ во борбата за нокаут фазата.