Чупиќ: Слабиот настап во Франција нè чинеше „фајнал-фор“ во ЕЛ!

Ракометниот клуб Вардар 1961 го победи Монпелје (27-24) во реванш четвртфиналето на Европската лига на ЕХФ. Иако не успеа да ја анулира негативата од десет гола од Франција, во еден момент вардарци имаа „плус седум“, па барем дадоа свој максимум во борбата за „фајнал-фор“ турнирот. 

По натпреварот на прес-конференцијата коментар за одиграното даде тренерот на „црвено-црните“ Иван Чупиќ. 

„Им честитам на ракометарите на Монпелје за пласманот на завршниот турнир, бидејќи заслужено се пласираа таму. Одигравме одлично на денешниот меч, но не чинеше тој слаб натпревар во Франција. Верувавме во чудо, но за жал тоа на крајот не се случи. Ова е лекција за сите нас од која многу научивме за следната сезона во Лигата на шампионите“, изјави Чупиќ.  

Вардар го заврши настапот во Европската лига во четвртфиналето, а по сè изгледа следната ќе се врати во Лигата на шампионите.