Чупиќ: Секој трофеј носи задоволство, имавме вистинско финале

Вардар 1961 минимално беше подобар од ГРК Охрид (32-31) во рамки на Суперкупот на Македонија, првиот дуел со кој се најави домашната сезона. По мечот во салата „26 Април“ во Гевгелија, тренерот Иван Чупиќ беше задоволен од изданието на својот Вардар.

„Сигурно дека сме задоволни кога ќе се освои трофеј, среќа и задоволство е големо. Знаевме дека не чека тешко финале против многу добар противник и би сакал да му честитам на Охрид за фер и коректниот меч. Ова беше вистинско финале и честитки до моите играчи“, изјави Чупиќ.

За Вардар, ова е петти Суперкуп трофеј во историјата. Македонскиот тим е најтрофеен во ова натпреварување, сега следи битката на домашната сцена за двојната круна и во Лигата на шампионите.