ВИДЕО: Чупиќ одигра за „десетка“ – велемајсторски асистенции и девет гола во Сегедин

Чупиќ

Ветеранот Иван Чупиќ одигра фантастичен меч кај ПИК Сегед, кој за жал донесе нов пораз за Вардар во Лигата на шампионите.

Хрватот го имаше насекаде, беше ноќна мора за противничкиот голман, а со неколку прекрасни асистенции го зачини одличниот настап во Унгарија. 34-годишникот, кој налето заминува во ППД Загреб, беше вистински лидер на избраниците на Стевче Алушовски на денешната средба во Сегедин.

„Црвено-црните“ имаа свои периоди, но на крај немаа време да го комплетираат пресвртот, па со негативен резултат се враќаат од Сегедин.