Чупиќ: Ние ги имаме Штербик и Циндриќ кои ја прават разликата во вакви мечеви

Јунакот од Келн минатата година, Иван Чупиќ даде значителен придонес во втората СЕХА лига по ред за Вардар. Хрватот максимално ја користеше својата минутажа и погодуваше казнени удари.

По натпреварот ја откри разликата меѓу двата финалисти.

„Бевме големи фаворити, но финалето беше полно со емоции и жар. Одлучи нашата подолга клупа и подобриот бек шутер и заслужено победивме, но Загреб беше одличен. Секој ракометар даде максимум, но ние ги имаме тие 2-3 ракометари кои во оваа фаза прават разлика, како Циндриќ и Штербик и водени од нив мислам дека екипата заслужи да се радува на оваа титула“, истакна Хрватот.

Вардар веќе следниот викенд патува за „Шпаркасе арената“ во Кил, каде што ќе го игра првиот четвртфинален натпревар од Лигата на шампионите со германскиот гигант.