Чупиќ: Нема време за плачење, мора да одиграме подобро отколку во Скопје

Пред три дена ПИК Сегед запиша голема победа на теренот на Вардар и ја продлабочи кризата на тимот предводен од Стевче Алушовски.

Овие две екипи ќе се сретнат вторпат во само една недела, овојпат во Унгарија. Еден од најискусните членови на „црвено-црните“, Иван Чупич, е свесен дека ќе биде исклучително тешко на теренот на овој противник.

„Првиот меч пред неколку дена беше неизвесен. Ние имавме предност во завршницата, но направивме глупости и промашивме зицери. Нашиот противник е квалитетен и тоа го искористи максимално. Знаеме дека е тешко да се игра во Сегедин. Нема многу време за плачење и за подготовка. Го почитуваме ПИК Сегед, но ние сакаме да играме подобро од Скопје. Очекуваме да ги задоволиме очекувањата на нашите навивачи“, рече хрватскиот ракометар.

Вардарци имаат скор од една победи, едно реми и пет порази во досегашниот тек од Лигата на шампионите.

Дуелот ПИК Сегед - Вардар се игра утре со почеток од 18:45 часот.