• Мартин Танасковски

Вицешампионот на Македонија, Вардар 1961, активно бара нов тренер. Иван Чупиќ е главна желба на „црвено-црните“, веќе има и понуда на негова адреса, но, се чека на конечниот збор на крилото.
Чупиќ има понуда од Вардар, но од хрватски „24 сата“ утрово објавија дека во игра се и неколку други клубови. Сепак, Чупиќ, наводно, бил повеќе наклонет кон нов договор со Метковиќ и продолжување на работата што ја започна таму.
Познатиот ракометар минатата сезона ја започна својата самостојна тренерска кариера во клубот од родното место, кој успешно го спаси од испаѓање. Претходно беше асистент на Андрија Николиќ во Загреб.
Чупиќ е поранешен играч на Вардар, а во Македонија ужива статус на легенда. За скопскиот клуб настапуваше од 2016 до 2021 година и беше еден од клучните играчи во освојувањето на двете титули во Лигата на шампионите.