Чупиќ: Бевме лоши во финишот, мора да му честитаме на Киелце

Пред медиумите од таборот на Вардар говореше Иван Чупиќ, крилото кое во минатото има настапувано за Киелце. По средбата која заврши во полза на полскиот тим (35-25), Хрватот истакна дека пресудиле последните минути од мечот кои биле лоши за „црвено-црните“.

„Киелце беше одличен во нападот, четириесет минути бевме во игра, но исто како што кажа тренерот, последните минути ни беа лоши. Ни фалеа играчи, Дисингер и Атман се обидуваа да направат се, а претходно се вратија од повреда. Како и да е, честитки за Киелце и многу среќа понатаму во Лигата на шампионите“, изјави Чупиќ.

Крилото го заврши натпреварот со еден постигнат гол во противничката мрежа, од вкупно четири обида.

До крајот на есенскиот дел на Лигата на шампионите, Вардар има уште два натпревари - против Мешков Брест во Белорусија и со Веспрем во Скопје. 

Лига на шампиони (М), Група Б
ОН П Н И Гол. ГР Форма Бод.
1 КилКил 11 8 2 1 348:305 43 18
2 ВеспремВеспрем 11 8 0 3 364:312 52 16
3 МонпелјеМонпелје 1 11 6 1 4 302:298 4 13
4 КиелцеКиелце 1 11 5 2 4 326:308 18 12
5 ПортоПорто 11 4 2 5 310:326 -16 10
6 ВардарВардар 11 4 1 6 309:355 -46 9
7 Мешков БрестМешков Брест 1 11 3 0 8 310:336 -26 6
8 Мотор ЗапорожјеМотор Запорожје 1 11 1 2 8 330:359 -29 4