ВИДЕО: Чудото од гол на Манасков против Барса е најатрактивен во 2025 во ЛШ!

Македонскиот ракометар Дејан Манасков доби големо признание од ЕХФ, и тоа сосема заслужено. Крилото на Еурофарм Пелистер го постигна најатрактивниот гол на ГОДИНАТА во Лигата на шампионите. 

Пред три месеци, во финишот од натпреварот во Битола против Барселона, Митревски фрли топка од својот гол, а Манасков од скратен агол и од цепелин го совлада еден од најдобрите голмани во светот, Емил Нилсен, за ерупција во преполната сала. Токму овој погодок ЕХФ со објава на социјалните мрежи го прогласи за најатрактивен за 2025 година.

Манасков оваа сезона игра во фантастична форма во дресот на Еурофарм Пелистер и е меѓу најдобрите играчи на шампионот.