• Мартин Танасковски
Натпреварот од женскиот ракометен шампионат во Русија меѓу екипите на Ростов-Дон и Лада Тољати имаше неверојатен финиш во кој чудо направија домаќините.
Лидерот се спаси од пораз со два луди гола во последните 14 секунди. Ростов-Дон предводен од Амброш Мартин пред домашната публика губеше до 29-31, но успеа со два брзи гола да ја скрати радоста на противникот.
- Последните 14 секунди на мечот:
Ростов-Дон е лидер во рускиот ракомет, а исто така е во игра и за титула во Лигата на шампионите.