ВИДЕО: Чудесната одбрана на „Нинџа“ дел од најатрактивните на колото во ЛШ

Сеид Хеидарирад, иранскиот чувар на мрежата на Еурофарм Пелистер беше еден од главните „виновници“ за големиот бод на македонскиот шампион против ПСЖ во претпоследното коло во Лигата на шампионите.

Популарниот „Нинџа“ во самата завршница на чудесен начин му одбрани зицер на Омар Јахија, а потоа Дејан Манасков го матира Грин за голема радост на трибините и реми на битолчани. Токму оваа одбрана на Хеидарирад му донесе место меѓу најатрактивните интервенции на колото во Лигата на шампионите. 

Иранецот се најде во друштво Моравски, Ландин, Пешиќ и Цупара.