Чуден гол во Франција: Погоди од центар иако одбраната беше на свое место! (ВИДЕО)

На натпреварот од првата француска ракометна лига меѓу Сант Рафел и Кретеј е виден еден од најчудните и најатрактивните голови во последниот период, затоа што беше постигнат од центарот на теренот, а притоа противничката одбрана веќе беше на своето место. 

Килијан Ригау успеа да реализира од самиот центар, откако согледа дека противничкиот голман не е на својата позиција и испрати проектил, кој заврши на посакуваното место. 

  • Атрактивниот гол на Ригау: 

Инаку, овој натпревар заврши со победа на Сант Рафаел со сигурни 29-25.