ВИДЕО: Човек или октопод? Неверојатните одбрани на Симиќ против светскиот првак! 

Голема сензација и враќање на отпишаните во режија на целиот тим. Вака би можеле да го резимираме големиот триумф на Црна Гора над светскиот шампион Данска. 

По неочекуваните киксови против Фарски Острови (24-24) и Украина (29-24), синоќа во „Морача“ Црногорците ја шокираа големата Данска, а еден од најдобрите ракометари во домашниот табор беше голманот Небојша Симиќ. 26-годишниот чувар на мрежата беше кошмарот на Данците, зад своето име запиша 17 одбрани, меѓу кои неколку спектакуларни кои им дадоа крилја на соиграчите да го „треснат“ големиот противник. 

  • Погледнете како Симиќ го отпиша светскиот и олимпискиот шампион: 

По мечот скромниот Симиќ беше запрашан дали е човек или октопод, но не сакаше да ја разреши дилемата и одговори дека е само дел од еден млад и талентиран тим кој пред себе има голема иднина.