• Мартин Танасковски
Екипата на Еурофарм Пелистер има солидна поддршка на натпреварот против Киелце во Лигата на шампионите кој се игра на гостински терен.
„Чкембарите“ допатуваа во полскиот град да го бодрат својот миленик во добра бројка. Околу шеесетина навивачи на битолскиот клуб се сместени на трибината во Киелце, а може да се чуе константно нивната песна.
Групата од Македонија има збратимување со една полска навивачка група, тоа е на Белхатов.
Приврзаниците на Еурофарм Пелистер сезонава организирано ја бодреа својата екипа на гостувањето во Загреб.