• Зоран Мишевски

По билтенот на Министерството за внатрешни работи и соопштението на Еурофарм Пелистер, во кое клубот се оградува од индивидуите кои беа дел од инцидентот, со соопштение се јави и најстарата навивачка група во Македонија, битолските „Чкембари“.
Тие ги обвинија навивачите на Вардар, „Комити“ за иницијатори на инцидентот и на трибините и на терен, а имаше зборови и за реакцијата на полицијата.
- Соопштението на „Чкембари“ ви го пренесуваме во целост.
„Вчерашното дерби го одбележаја низа инциденти. Повторно истата приказни, неколку „храбри" навивачи „Комити“, криејќи се низ обичната публика со фрлање столчиња и други предмети испровоцираја реакција и од наша страна, буквално на неколку пати до сега ја користат најподлата техника за одбрана позната како ЖИВ ШТИТ. И сето тоа досега никој ни да го спомне, ни да го осуди, напротив во медиумите ние сме оцрнети.
Не се коментира ни за повторно намерениот „пропуст" по кој знае кој пат, слободно влегување в терен, но никако и со таква поддршка да се стигне до нас, зошто за тоа не е потреба страшна облека, фантомки и слично, тоа не се купува во продавница!
Стигнавме до полицијата... Како да чекаа момент да се испразни салата, па јуришно тргнаа еден вод специјалци кон нас и буквално ја нападнаа нашата група без никаква причина. Сите се чудевме од каде таква реакција, па дури и специјалците кои до тогаш беа околу нас, настана голем хаос во кој стотина навивачи, паднаа еден врз друг и можеше да заврши трагично таквата неиспровоцирана реакција на полицијата.
После долго време во салата полицијата повторно без никаква селекција почна да апси наши членови, само колку визуелно да изгледа дека тие ја сработиле својата работа. Сакаме да му се заблагодариме и на нашите браќа од Кавадарци кои секогаш се со нас, во добро и во зло, па така и денес. За крај благодарни сме и на тие што излегоја во пресрет на уапсените „Чкембари“ од Битола“ се вели во соопшението.
Натпреварот имаше триесетминутен прекин, по кој Вардар 1961 излезе како победник и од 6-6 пред прекинот, дојде до победа од 31-24.