ФОТО: „Чкембари“ им доделија благодарници за верност на легендите Поповски и Николовски!

Екипата на Еурофарм Пелистер извојува огромна победа во првото соочување со Вардар во плеј-офот во Суперлигата. Во салата „Боро Чурлевски“, која одново беше исполнета до последно место шампионот беше убедлив против големиот ривал, а пред почетокот на „вечното“ дерби навивачката група „Чкембари“ направија одличен гест.

Битолските навивачи им доделија благодарници за верност на ракометните легенди на клубот и поранешни репрезентативци на Македонија, Игор Николовски и Кире Поповски. Двајцата речиси цели свои кариера ги минаа во таборот на Пелистер, а откако заминаа во играчка пензија работат во школата на клубот. 

Поповски и Николовски беа дел од Пелистер во легендарното полуфинале во ЕХФ Купот против Лемго, како и членови на претпоследната генерација која беше шампион на Македонија.