Чистка во Партизан, ќе остане ли Маџовски?

Ракометниот клуб Партизан започна со промени и менува играчи, а неизвесен е статусот на македонскиот ракометар Бојан Маџовски.

Како што информира „Моцарт Спорт“, тројца играчи си заминуваат од таборот на белграѓани. Тоа се поранешниот играч во мак-ракометот Немања Обрадовиќ, потоа Немања Пештиќ, како и Лука Арсениќ.

Тренерот Чирковиќ не бил импресиониран од нив. Неизвесен е и статусот на македонското крило Бојан Маџовски, за кого се пишува дека останува да се види дали ќе ја „преживее“ чистката затоа што разочарал на стартот на новата сезона.

Маџовски пристигна во Партизан за време на летото.