Чирковиќ: Вечерва не загубивме, туку научивме лекција!

Ѓорѓе Чирковиќ одлично го подготви натпреварот во Хановер, но неискуството како екипа го чинеше тимот на Еурофарм Работник пораз на дебито во групната фаза.

По драматичните 24-21, српскиот стручњак на официјалната прес-конференција изјави:

„Честитки за победата на Хановер. По мое мислење, вечерва не загубивме, туку научивме лекција. Знам дека Хановер има проблеми со повредени ракометари и им посакувам да ги надминат тие проблеми. Ние имаме уште пет натпревари да го покажеме нашето најдобро издание“.

Експедицијата на Еурофарм Работник утре рано изутрина се враќа за Битола и веднаш ќе започне да го подготвува првиот домашен натпревар против Татабања.

ЕХФ Куп, Група Б
ОН П Н И Гол. ГР Форма Бод.
1 ТатабањаТатабања 6 4 1 1 172:154 18 9
2 ХановерХановер 1 6 3 1 2 162:144 18 7
3 Нексе НашицеНексе Нашице 1 6 3 0 3 156:160 -4 6
4 Еурофарм РаботникЕурофарм Работник 6 1 0 5 133:165 -32 2