Чирковиќ доби нов договор во Партизан

Ѓорѓе Чирковиќ и следната сезона ќе го води српскиот ракометен гигант Партизан.

Поранешниот тренер на Еурофарм Работник одлично го води проектот во Белград и на прагот е да ја прекине доминацијата на Војводина.

„Стратегот со кој црно-белите го освоија првиот трофеј по единаесет години го продолжи договорот пред крајот на тековната сезона. Со заедничка желба Партизан од година во година да ги поместува границите и да има континуитет во освојувањето трофеи, остануваме заедно“, се вели во соопштението на Партизан. 

„Црно-белите“ го завршија регуларниот дел од првенството без пораз, а викендов о ја совладаа Металопластика во полуфиналето од Купот на Србија. Следниот викенд во реприза од финалето од минатата сезона со Војводина ќе го бранат трофејот. Чирковиќ пристигна во Белград летото 2023 година и во првата сезона го освои Купот на Србија, попознат како Куп на Бранислав Покрајец.