ФОТО: Чиле рано утрово пристигна во Каиро пред отворањето на СП со Египет

Ракометната селекција на Чиле утрово пристигна во Каиро, каде веќе во 18:00 часот ги очекува натпревар против домаќинот Египет, на отворањето на Светскиот шампионат во оваа земја. Според фотографиите кои ги објавија, јасно е дека во Каиро ќе се почитуваат сите протоколи за заштита од ширењето на коронавирусот. 

Репрезентацијата која ја предводи Матео Гаралда се припремаше и подготовките ги одработи во Скопје, каде одигра три пријателски натпревари. Македонија во два наврати беше поуспешна од нив, а Чиле еднаш загуби и од Работнички во неофицијален меч. 

Токму Чиле е аутсајдер во групата Г, па Македонија во последното коло против нив треба со победа да обезбеди пласман во главната групна фаза. Сепак, иако тимот на Чиле не е многу компетитивен, никогаш не смее да се потцени ривал, бидејќи тој натпревар и за нив ќе биде клучен.