Чиле ја шокира Австрија, Шишкарев донесе прв мундијалски триумф за Русија

Gol.mk на Светско првенство во ракомет 2019

Репрезентацијата на Чиле направи големо изненадување на Светското првенство (СП) кое се игра во Германија и Данска и во меч во кој важеше за аутсајдер, ја совлада селекцијата на Австрија (24-32).

Австријците и Чилеанците имаа егал прво полувреме, но во вториот дел, селекцијата на Австрија почна многу да промашува, што ѝ се одрази на резултатот. Од 16-16, Чиле успеа да се одлепи за првпат на „плус три“ (16-19), а потоа и да поведе со осум гола (20-28), што значеше крај на мечот.

Најдобар кај Чиле беше Ервин Фојхтман со девет гола, додека Емил Фојхтман и Себаљос дадоа по шест, додека кај Австрија, Вебер заврши со шест постигнати гола.

Русија, пак, на „вардарски“ погон дојде до првата мундијалска победа и беше подобра од Кореја (34-27). Даниил Шишкарев беше прв стрелец со седум гола, а Шкурински даде шест, додека кај Корејците, Канг и Парк дадоа по четири гола.

СП, Група Ц
ОН П Н И Гол. ГР Форма Бод.
1 ДанскаДанска 1 5 5 0 0 167:103 64 10
2 НорвешкаНорвешка 1 5 4 0 1 175:119 56 8
3 ТунисТунис 5 3 0 2 138:147 -9 6
4 ЧилеЧиле 1 5 2 0 3 130:167 -37 4
5 АвстријаАвстрија 1 5 1 0 4 121:148 -27 2
6 Саудиска АрабијаСаудиска Арабија 5 0 0 5 112:159 -47 0