Чиле даде четири гола за 30 минути, па доживеа дебакл од Данска

Gol.mk на Светско првенство во ракомет 2019

Репрезентацијата на Данска која е еден од домаќините на Светското првенство (СП) во ракомет, со убедлива победа го започна натпреварувањето и со 16-39 (4-22) славеше над селекцијата на Чиле.

Аутсајдерот на хартија беше надигран уште по само пет минути и веќе беше јасен епилогот (1-7). Данците тргнаа фуриозно, ја полнеа немилосрдно мрежата и на противникот не му даваа да постигнува голови. Доказ за врвната одбрана на Данска на оваа средба е фактот дека Чиле даде четири гола во првото полувреме, по што дебаклот беше предвидлив.

Највисокото водство скандинавската селекција во првото полувреме го имаше на паузата кога водеше со 4-22, додека во вториот дел, истото констнатно растеше, а највисоко достигна +23 во самиот финиш на средбата.

Прво име во победата на Данска беше Мортенсен со осум гола од осум обида, додека Хансен заврши со седум гола. Кај Чилеанците, Салинас даде четири гола.

Данска во наредното коло игра против Тунис, додека Чиле се среќава со Австрија.

СП, Група Ц
ОН П Н И Гол. ГР Форма Бод.
1 ДанскаДанска 1 5 5 0 0 167:103 64 10
2 НорвешкаНорвешка 1 5 4 0 1 175:119 56 8
3 ТунисТунис 5 3 0 2 138:147 -9 6
4 ЧилеЧиле 1 5 2 0 3 130:167 -37 4
5 АвстријаАвстрија 1 5 1 0 4 121:148 -27 2
6 Саудиска АрабијаСаудиска Арабија 5 0 0 5 112:159 -47 0