Четврт пат играме со Французите, а првпат на големите приредби

Дуел на ракометарите на Македонија и Франција

Денешниот натпревар на Македонија против Франција во Краков е четврт меѓусебен дуел на овие две репрезентации, а прв на големите приредби. Долго време нашите момци не се надигруваа против „триколорите“, за три пати во една иста година да играат меѓусебни мечеви. 

Најнапред во подготовките за Светското првенство во Катар, во финалето на турнирот во Нант, Македонија загуби со 10 разлика. Подоцна, Франција два пати славеше против нашиот национален тим во квалификационите мечеви за ова првенство. Минимално беше за момците на Онеста во Скопје, а убедливо во Тулуз.

Турнир во Нант: Франција – Македонија 30-20
Квалификации за ЕП: Македонија – Франција 25-27
Квалификации за ЕП: Франција – Македонија 35-24