Четирите порази донесоа тренерска смена, Танески се врати на кормилото на Струга

По катастрофалниот старт на плеј-аутот, раководството на македонскиот суперлигаш Струга се реши за промени на тренерската функција.

Жарко Ферукоски веќе е минато, бидејќи тимот под негово водство не ги бележеше посакуваните резулати, а негова замена ќе биде добро познато име за струшката ракометна јавност. Наум Танески и официјално се враќа на клупата на Струга и пред себе ќе има тешка задача во плеј-аутот.

Струга лошо ја отвори битката за опстанок во елитата и по четири кола има четири порази, па затоа пред Танески претстои многу работа за да го врати ритамот на тимот на вистинска патека. Струга со години е расадник на многу таленти и голем удар би бил испаѓање во понизок ранг. 

Своето ново деби ќе го има в сабота, на Куп-натпреварот против Тиквеш во Битола.