Четири гола на Талески во новиот успешен „тест“ на Рајн Некар

Македонскиот репрезентативец Филип Талески имаше солиден настап на последниот тест на германскиот бундеслигаш Рајн Некар Левен.

„Лавовите“ одиграа пријателска средба со германски Нуслох на која славеа со 39-20 и во сите сегменти ја оправдаа фаворитската улога. Бундеслигашот ротираше, шанса им даде на сите ракометари и сите ја искористија.

Прашањето околу победникот на овој натпревар беше јасно по само триесет минути игра, кога на семафорот стоеше 16-8 за Рајн Некар Левен. Филип Талески доби солидна минутажа и постигна вкупно четири погодока во противничката мрежа.

Најефикасни беа Менсах, Ганц, Колбахер и Гроецски, кои дадоа по шест погодока. До крајот на подготовките РНЛ го чекаат пријателски натпревари, меѓу нив и една со француски Монпелје.