Четири гола на Пешевски, Штутгарт испушти победа со фаворитот Фуксе

Ракометарите на Штутгарт конечно по три кола освоија бод во Бундеслигата и тоа против фаворитот Фуксе Берлин (32-32). 

Македонскиот репрезентативец Жарко Пешевски имаше солидна претстава во денешниот домашен дуел, па постигна четири погодоци од седумте обиди. 

Штутгарт дефинитивно има за што да жали бидејќи имаше предност во текот на целиот натпревар освен во финишот. На средината од првиот и стартот на вториот дел домаќинот имаше и пет погодоци позитива, но не успеа да ги задржи и ривалот се врати во игра. Фуксе во завршницата водеше три пати со по гол, ама Штутгарт успеа да извлече реми. 

Ханс Линдберг беше најдобар поединец на средбата со единаесет реализации, додека Виго Кристјансон и Адам Лен со по седум го предводеа Штутгарт.