Четири гола на Манасков, Веспрем со тешка победа ја отвори СЕХА

Екипата на Веспрем се врати во СЕХА-лигата и тоа со тешка победа извојувана над белорускиот тим Мешков Брест (27-28) во последните секунди.

Дуелот меѓу двата тима беше крајно изедначен, а се реши во последната минута. Веспрем водеше константно, Мешков изедначуваше, а ситуацијата околу победникот беше решена во 59. минута, кога Ненадиќ погоди, а на спротивната страна Малуш не реализира.

Одличен меч имаше македонскиот репрезентативец Дејан Манасков кој запиша четири гола, сите во првото полувреме, а најдобар стрелец кај Веспрем беше Расмус Лауге Шмид со шест погодока. Кај Мешков, Ѓукиќ реализира осум пати, а Паниќ постигна седум гола.

  • Извештај од натпреварот: 

Во рамките на групата Б, вечерва во Шабац играат Металопластика и ППД Загреб, а утревечер во Битола, Еурофарм Работник го пречекува Спартак Москва,