Четири асистенции на Талески за Бенфика, Ловќен и Маџовски одлични со Елверум

Македонските интернационалци Филип Талески и Бојан Маџовски имаа настапи за своите клубови Бенфика и Ловќен во новата сезона од Европската лига на ЕХФ и доживеаја порази.

Бенфика дома беше немоќна во ефикасниот дуел со француски Нант (34-38). Талески шутна само еднаш и не погоди во противничкиот гол, но затоа беше добар разигрувач и забележа четири асистенции.

Маџовски и неговиот Ловќен одиграа изненадувачки одличен меч со норвешки Елверум кој минимално победи во Црна Гора (26-27). Македонскиот ракометар немаше учинок на овој натпревар.

  • Европска лига, 5. коло:

АЕК Атина - Забже 26-30
Шамбери - Фуксе Берлин 31-36
Костанца - Татабања 28-25
Хановер - Криенс 30-30
Извиѓач - Динамо Букурешт 24-40
Винтертур - Горење 32-31
Савехоф - Куенка 40-27
Скјерн - Нексе 33-30
Војводина - Алкалоид 34-29
Брага - Бистрица 31-26
Бенфика - Нант 34-38
Чобри Глогов - Спортинг 22-35
Шафхаузен - Флензбург 25-24
Ла Риоха - Силкеборг 28-29
Ловќен - Елверум 26-27
Рајн Некар - Кристианштад 36-28