Чесите немоќни во „Ауди Арена“, лесна победа на унгарските ракометари

Вториот противник на македонската репрезентација на Европското првенство во Виена, селекцијата на Чешка, попладнево загуби во пријателски натпревар од Унгарија со 27-24 (14-10), во дуел кој се играше во „Ауди Арена“ во Ѓер.

И без повредениот Мате Лекаи, кој е неизвесен за настап на Европското првенство, Унгарците доминираа, водеа од првата до последната минута, па дури и заслужија поубедлив триумф од три разлика. Одличен натпревар одиграа Баниди и Чип, но клучен фактор за победата беше играта во одбрана. Најефикасни кај Унгарија беа Балог и Сита со по четири гола, а Баниди и Бока постигнаа по три. Кај Чешка, Здрахала и Хрстка беа најефикасни со по четири гола, а Кашпарек и Чип постигнаа по три погодоци.

Вчера загуби и првиот противник на Македонија на шампионатот на стариот континент, Украина, кој беше надиграна од Швајцарија (32-22),

Покрај Чешка и Украина, Македонија во групата во Виена ќе игра и со Австрија.