Чешките судии под лупа: Дали Словенијa е оштетена во финишот на полуфиналето? (ВИДЕО)

Словенечката ракометна репрезентација има за што да жали по поразот во полуфиналето на олимпискиот турнир против Данска, Момците на Зорман имаа напад за реми, но на патот до продолжение им застанаа чешките судии.

Имено, Хорачек и Новотни не досудија очигледен пенал за Словенците. Дури и ја проверуваа ситуацијата на ТВ-мониторот, но наместо седмерец, досудија слободно фрлање од девет метри.

Данска славеше победа со 30-31 и ќе игра за златото против Германија, а Слевенија и Шпанија ќе се борат за бронзата.