Чешките судии Хорачек и Новотни ќе ни судат против Јапонија

Gol.mk на Светско првенство во ракомет 2019

Чешките судии Вацлав Хорачек и Јиржи Новотни се делегирани да ја делат правдата на нашиот прв натпревар на Светското првенство во Германија и Данска. Светската ракометна централа ни одреди добро познати судии, со кои сме имале и пријатни и непријатни спомени.

На големите приредби често ни суделе чешките арбитри, а најголем прав се крена по натпреварот Македонија - Србија на Европското првенство во Краков пред три години. Тогаш со голот на Манасков со звукот на сирената стигнавме до реми и пласман во втората групна фаза.

Македонскиот селектор го објави списокот на репрезентативци и ги изостави Лазаревски и Даскалоски. Голем број македонски навивачи од татковината и од овој дел на Европа ќе ја бодрат репрезентацијата на дуелот со Јапонија, кој почнува од 15:30 во „Олимпија хале“ во Минхен. 

СП, Група Б
ОН П Н И Гол. ГР Форма Бод.
1 ХрватскаХрватска 5 5 0 0 152:115 37 10
2 ШпанијаШпанија 5 4 0 1 142:114 28 8
3 ИсландИсланд 5 3 0 2 137:124 13 6
4 МакедонијаМакедонија 5 2 0 3 131:139 -8 4
5 БахреинБахреин 1 5 1 0 4 107:151 -44 2
6 ЈапонијаЈапонија 1 5 0 0 5 121:147 -26 0